
ЏЕЈМС ДИРСЛИ
Коосновач на Унису (Unissu)
Џејмс е признат како еден од водечките коментатори на иднината на изградената средина.
Тој е главен говорник и церемонијал-мајстор на преку 140 конференции, во повеќе од 40 земји на шест континенти, што ја поткрепува неговата визија за „поддршка на индустријата за недвижности и луѓето вклучени во истата, а посебно со цел разбирање и примена на дигиталната трансформација“.
Тој е претприемач чиј најнов инвестициски потфат е градењето на ПропТек (Proptech) платформа за набавки Унису(Unissu). Унису(Unissu) е платформа на која се потпираат водечки технолошки компании на кои им е потребно да идентификуваат исплатливи, ефективни, соодветни продажни лидови.
Како неизвршен член на Одборот на директори во фирмата, Џејмс сега е во улога на консултант и советник на одборот при изборот на глобални фирми кои ја споделуваат неговата визија за промена на секторот.