ФАТМИР ЕТЕМИ
Сопственик, Генерален директор / ЗСФ КОМ
Фатмир Етеми дипломирал на отсекот Биологија при Природно – математичкиот факултет во Скопје, а своето професионално работно искуство го започнува како професор по биологија.
По кратко време ја отвора компанија за дистибуција на „Кока-Кола“за Југоисточна Европа и работи како Генерален Дистрибутер на „ОХИС“ за Косово.
Успешното работење во трговијата на големо поттикнува идеи за нови инвестиции. Во 2002 година Етеми носи одлука за инвестирање во недвижен имот и производствени капацитети поврзани со секторот градежништво. Денес од овие капацитети активно работи фабриката за кабли ONE CABLE, во сопственост на Фатир Eтеми.
Од 2002 година на македонскиот пазар активно гради под брендот ЗСФ КОМ, а фокусот е на станбени згради, комерцијални објекти и објекти со мешана употреба.
Важно е да се спомене и пошироката активност на компанијата во сите категории на комерцијални недвижности, вклучително и специфични проекти како што е изградба на пазари, катни гаражи и проекти по принципот build-to-suit-to-sell.
Во периодот од 20 годишно искуство во градежнижтвото, компанијата ЗСФ КОМ има изградено и продадено околу 3000 станови и 25.000 м2 деловен простор, а брендот претставува гаранција и сигурност за квалитет во градбата.
Фатмир Етеми е претседател на Надзорниот одбор на Скопски пазар АД, компанија која управува со 13 зелени пазари, еден сточен пазар и околу 70.000 м2 деловни простори.
Како член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, од 2018 година па наваму, Фтамир Етеми е директно вклучен во креирање на политиката на кредитирање на компаниите вклучително и од секторот градежништво.
Компанијата ЗСФ КОМ активно подготвува нови проекти на атрактивни локации во Скопје и продолжува посветено да работи во интерес на развој на сегментот домување преку следење трендови.