Стела Дами
Партнер и Раководител, Колиерс Интернационал
Стела е Управувачки партнер на тимот на Колиерс Интернационал Албанија (Colliers International Albania), со седиште во Тирана, Албанија. Таа е одговорна за обезбедување на сите услуги на компанијата на територијата на Албанија и Косово. Стела Дами станала дел од Колиерс во август 2007 година како Главен консултант одговорен за управување на Сити Парк (City Park), модерен трговски центар во Албанија. Стела го водела процесот на консултантски услуги и изнајмување на трговскиот центар во име на инвеститорот, привлекувајќи нови брендови на пазарот како Меркатор, Интерспорт и Еуроникс. Таа има повеќе од 11 години искуство во индустријата за недвижности во Албанија и за целиот тој период работела во име на многу меѓународни и локални инвеститори, учествувајќи во многу консултантски улоги и трансакции за албански но и странски корпорации кои имаат потреба од недвижен имот во Албанија. За неа претставува особена чест што била дел од тимот што ја привлече компанијата Линднер Груп (Lindner Group) во Албанија, за нивната инвестиција Тирана Бизнис Парк (Tirana Business Park), една од најголемите инвестиции во недвижнини во Албанија досега. Нејзините моментални интереси вклучуваат и привлекување на меѓународни хотелски оператори на албанскиот брег.
Во текот на нејзината кариера Стела дала значителен придонес во развојот на пазарот на недвижности во Албанија. Таа е голем поддржувач на развојот на туризмот како главен фактор за албанскиот економски раст. Стела има диплома во областа на економијата од колеџот Рид во Портланд, Орегон, САД. Дополнително, таа завршила магистерски студии на Универзитетот во Портланд кој се наоѓа во Портланд, Орегон, САД. Во двете образовни институции, Стела била добитник на многу стипендии засновани на заслуги, а воедно била и на деканската листа на студенти со високи постигнувања. Пред да се приклучи на Колиерс, Стела била вработена од страна на Банката на САД (U.S. Bank) во Центарот за заеми за мали и средни бизниси, финансиска институција која работи во 24 американски држави. Главен фокус била анализа на бизнисите на клиентите и обезбедување кредитна помош за да се поттикне нивниот раст. Таа дополнително работела како менаџер за економски развој со Мерси Корпс (Mercy Corps), една од најголемите и најуспешни непрофитни организации со оперативни активности низ целиот свет, како Деловен аналитичар и Консултант за бизниси во Портланд.