СЕРГЕЈ КОЈНОВ
Управувачки партнер, Интели Веј Сервицес (IntelliWay Services)
Сергеј Којнов дипломирал на Американскиот универзитет во Бугарија на одделот за бизнис администрација и применета економија, а мастер студиите по финансиски менаџмент ги завршил на Сити Универзитетот во Сиетл.
Тој има долгогодишно искуство во успешно водење на голем број значителни проекти од областа на комерцијалните недвижности во Југоисточна Европа.
Од 2007 до 2013 година бил член на Одборот и Управувачки партнер во Cushman & Wakefield | Фортон Бугарија. Потоа бил член на Одборот и еден од главните извршни директори на АГ Капитал (AG Capital) групацијата, а подоцна и на фондот за комерцијални недвижости Лионс Хеад (Lion’s Head).
Во моментов Сергеј Којнов инвестира во развој на објекти за домување во Македонија (www.mavrovo2.mk) и во Бугарија (www.emblema.bg).