МАРТИН ПАНОВСКИ

Архитект на проектот ГРАНД СКОПЈЕ и косопственик на бирото Радиус Архитекти

Мартин Пановски дипломирал на Архитектонскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и е главен архитект и косопственик на архитектонското студио „Radius Architects“ од Скопје, Северна Македонија. Неговото наградувано студио се фокусира на висококвалитетна архитектура. Мартин Пановски има повеќегодишно искуство во проектирање на станбени, комерцијални, административни и здравствени објекти. За неговите архитектонски достигнувања  Пановски има досега добиено повеќе награди, меѓу кои овде би ги споменале: наградата BIG See за „Куќа за двајца“ во Скопје, Специјалната награда БИМАС за деловниот објект Про-кредит банка  Скопје, наградата БИМАС за најдобар проект во 2012 година за Градскиот трговски центар во Прилеп, и наградата БИМАС за најдобар проект за Бизнис-центарот на Скопски саем.

Еден од неговите најнови проекти е и Гранд Скопје, комплекс со мешовита намена, кој веќе е во фаза на изградба во центарот на Скопје.

Господинот Пановски е претседавач на SHARE Forum Skopje, еден од најпрестижните настани за архитектура во Централна и Југоисточна Европа, а бил поранешен копретседател на Балканскиот архитектонски форум и поранешен претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Бил и член на Управниот одбор на Инженерските институции на Македонија и член на Надзорниот одбор на Еуролинк осигурување. Тој е кодиректор на НВО – „Стимулирачка мрежа за размена на мислења“ која работи на развој на работилници за архитектонско образование.

Ве молиме пополнете го нашиот

ФОРМУЛАР ЗА РЕГИСТРАЦИЈА

КОНФЕРЕНЦИЈА

ЗА НЕДВИЖНОСТИ ВО СКОПЈЕ

22ри мај - DoubleTree by Hilton

Цена на билет 12400 денари + ДДВ

* Со купени 2 билети, третиот билет го добивате бесплатно.

БИЛЕТОТ ВКЛУЧУВА:

* Пристап до Конференцијата за недвижности во Скопје

* Кафе паузи
* Ручек
* Затворање на настанот со нетворкинг коктел

За дополнителни информации во врска со групните билети, Ве молиме контактирајте нѐ на: conference@kliker.mk

  • По пополнување на формуларот за регистрација, нашиот тим ќе Ве контактира за да ја комплетирате уплатата за регистрација.

(*) – Задолжителни полиња