Марија Томеска

Претседател на управен одбор, Еуролинк Осигурување

Марија Томеска своето образование го има стекнато на најпрестижните светски универзитети, и тоа дипломски и магистерски студии на London School of Economics во Велика Британија и MBA на IMD во Швајцарија.

Во осигурителниот сектор е 20 години и исто толку време е дел од Еуролинк осигурување. 10 години е на челната позиција во Еуролинк осигурување и заедно со својот тим ја води компанијата до лидерските пазарни позиции.

Со својата работа и посветеност кон иновации допринесува за развој и обликување на македонскиот осигурителен пазар, преку воведување бројни новитети во компанијата и во осигурителните продукти. Токму во класата на имотно осигурување, под нејзино водство Еуролинк станува првата осигурителна компанија која осигурува ветропаркови и соларни централи, со што придонесува во развојот на проектите за енергија од одржливи извори. Компанијата станува и пазарен лидер во Осигурување на објекти во градба и обезбедува услуга за најголемите инфраструктурни проекти во државата.  

Заменик претседател е на МАТТО Стопанска комора на Македонија-Турција и заменик претседател на Националното биро за осигурување.

Ве молиме пополнете го нашиот

ФОРМУЛАР ЗА РЕГИСТРАЦИЈА

КОНФЕРЕНЦИЈА

ЗА НЕДВИЖНОСТИ ВО СКОПЈЕ

22ри мај - DoubleTree by Hilton

Цена на билет 12400 денари + ДДВ

* Со купени 2 билети, третиот билет го добивате бесплатно.

БИЛЕТОТ ВКЛУЧУВА:

* Пристап до Конференцијата за недвижности во Скопје

* Кафе паузи
* Ручек
* Затворање на настанот со нетворкинг коктел

За дополнителни информации во врска со групните билети, Ве молиме контактирајте нѐ на: conference@kliker.mk

  • По пополнување на формуларот за регистрација, нашиот тим ќе Ве контактира за да ја комплетирате уплатата за регистрација.

(*) – Задолжителни полиња