Марија Томеска
Претседател на управен одбор
ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ
Марија Томеска своето образование го има стекнато на најпрестижните светски универзитети, и тоа дипломски и магистерски студии на London School of Economics во Велика Британија и MBA на IMD во Швајцарија.
Во осигурителниот сектор е 20 години и исто толку време е дел од Еуролинк осигурување. 10 години е на челната позиција во Еуролинк осигурување и заедно со својот тим ја води компанијата до лидерските пазарни позиции.
Со својата работа и посветеност кон иновации допринесува за развој и обликување на македонскиот осигурителен пазар, преку воведување бројни новитети во компанијата и во осигурителните продукти. Токму во класата на имотно осигурување, под нејзино водство Еуролинк станува првата осигурителна компанија која осигурува ветропаркови и соларни централи, со што придонесува во развојот на проектите за енергија од одржливи извори. Компанијата станува и пазарен лидер во Осигурување на објекти во градба и обезбедува услуга за најголемите инфраструктурни проекти во државата.
Заменик претседател е на МАТТО Стопанска комора на Македонија-Турција.