ЛЕОНИД АНТИЌ
Член на Управен одбор
ГРАНД СКОПЈЕ
Леонид Антиќ е дел од управниот одбор на Гранд Скопје, комплексот кој има тенденција да стане новото обележје на градот. Освен што завршил додипломски студии за Бизнис Менаџмент во Холандија и изградил богата позадина во областа на финансии, е-технологии, проектен менаџмент, Антиќ го надградувал своето знаење и на универзитетот Колумбија во САД.
Со искуството со кое се здобива од лансирањето на Гранд Скопје, координирајќи ја севкупната реализација на овој мулти-димензионален и комплексен проект, Антиќ цели да се етаблира како еден од најмладите и најуспешни менаџери кај нас, особено во градежната индустрија.