Елмедин Адеми
Извршен директор, Еуровиа Груп
Елмедин Адеми е роден на 26 Јуни 1988 година во Тетово.
Елмедин ја изразил својата желба да стане претприемач уште од мала возраст. Додипломските студии ги завршил на Универзитет на Југоисточна Европа, насока Компјутерски науки.
Во 2008 година ја основал Скрин Медиа – Компанија за надворешно рекламирање, која денес е една од 4-те најголеми концесионери за надворешо рекламирање (билборди и мегалајти) со повеќе од 800 локации. Само две години подоцна, Елмедин го наследува бизнисот со градежништво и како управител ја превзема градежната фирма ЕУРОВИА ДООЕЛ, која успешно се развива до ден денес и е меѓу првите 10 компании за градежни услуги во високо и ниско градба.
Во 2016 година, Елмедин ја основа ЕУРОВИА Холдинг –компанија која станува сопственик на ЕУРОВИА ДООЕЛ и Скрин Медиа. Со основање на ЕУРОВИА Холдинг, Елмедин преминува во сериозен претприемач и истата година е прогласен за Добитник на националната награда за Македонија на Европските бизнис награди.
Во 2017 година ја основа ЕУРОВИА ДМД како Компанија за продажба на прехранбени и непрехранбени производи. Истата година во сопственост на ЕУРОВИА Холдинг е формирана и ВИАКОМ – компанија за трговија со градежни материјали.
Неговото претприемништво достигнува сосема поинакво ниво во 2019-та, како година во која Групацијата ЕУРОВИА под раководството на Елмедин Адеми, влегува на албанскиот и на косовскиот пазар, со своите проекти за инвестирање во недвижности. Исто така, во текот на оваа година Групацијата ја пречекува својата најнова членка, ЕНЕРГОВИА компанија која ќе ги отвори вратите за производство и продажба на електрична енергија со инвестирање во хидроцентрала.
Во 2020 година за време на избувнувањето на Ковид пандемијата како резултат на адаптацијата на ЕУРОВИА кон глобалните цели за одржлив развој Елмедин Адеми продолжува со основање на ЕУРОВИА АГРАР – компанија за производство и трговија со земјоделски производи и ЕУРОВИА СОЛАР – компанија за производство на енергија со соларни панели.
Во 2020 година Елмедин ја основа и Фондацијата ЕУРОВИА со една и единствена цел: Call to Action што ќе ги мобилизира напорите за справување со последиците од глобалната пандемска криза.
Во 2021 година ЕУРОВИА Холдинг продолжува со својот развој и почнува со првите инвестиции во недвижности.
Развојот на претпримиштвото на Елмедин Адеми се уште не го постигнал својот пик. Компаниите со кои тој раководи, се стремат кон постигнување на успешно учество на глобалниот пазар и надвор од Балканските држави.