Иницирана и организирана од ФОРТОНМКА, Конференцијата за недвижности ќе се одржи во Скопје, Македонија, на 22-ри мај 2024 година.
За прв пат на македонскиот пазар, локални и меѓународни професионалци за недвижности се среќаваат на едно место, за да разговараат за најновите трендови, перспективи и предизвици со кои се соочува индустријата за комерцијални недвижности.
За Нас
За Нас Нас
ФОРТОНМКА е врвна советодавна компанија лоцирана во Скопје, Македонија, која нуди целосен опсег на професионални услуги во секторот на комерцијални недвижности и претставува независно поседувана и управувана компанија која е стратешки партнер на CUSHMAN & WAKEFIELD (најголемата светска компанија за советување во приватна сопственост за недвижности со 400 канцеларии во 60 земји и со повеќе од 50.000 вработени).
FORTONMKA
Настан
Зошто треба да присуствувате на настанот? настанот?
- Одлична можност да се слушнат искуствата на врвни носители на клучни одлуки.
- Можност за присуство на експертски панел дискусии со говорници експерти, активни во инвестиции и развој на индустријата за недвижности.
Успех
Успешни приказни приказни
ГРАНД СКОПЈЕ
Центарот на Скопје е на пат да добие нов современ лик кој ќе вдахне новa енергија во урбаното живеење!
Комплексот „Гранд Скопје“ кој никнува во строгиот центар на Скопје со својот уникатен архитектонски израз, високо квалитетна архитектура и парковско зеленило има за цел да прерасне во ново обележје на градот.
Со потенцијал да го промени пулсот на Скопје, комплексот освен со впечатлив дизајн се карактеризира и со функционалност, како и со неповторливи погледи кон околните природни убавини на градот, реката Вардар и планината Водно.
Дополнително, отворената шопинг галерија која се надоврзува на ГТЦ и се слева кон новиот урбан парк, во рамките на комплексот, го збогатува шармот на комплексот и целото опкружување, додека пак самиот парк кој ќе биде со големина колку Плоштад Македонија овозможува идеален простор за социјализација и рекреација за идните жители и посетители на комплексот.
Вака осмислен, новиот современ проект „Гранд Скопје“ креира одлични можности за унапредување на квалитетот на живот во градот, а може и да послужи како катализатор за економски развој, создавајќи нови можности за вработување и развој на туризмот и културата.
Инвеститор на комплексот „Гранд Скопје“ е МГ Фешн, компанија која посветено работи во полето на недвижности и е фокусирана на планирање, развој и изградба на резиденцијални, комерцијални и деловни простори.
Со искуството од повеќе од 20 години во оваа дејност, портфолиото на компанијата постојано се збогатува со импозантни проекти и многу задоволни клиенти.
ESG и АЛКАЛОИД АД Скопје
АЛКАЛОИД АД Скопје, како водечка фармацевтска компанија во земјава и како една од најуспешните во Југоисточна Европа, речиси девет децении работи на производство на лекови и на козметички и хемиски производи, како и на преработка на билни суровини.
Денес АЛКАЛОИД има речиси 80.000 м2 производствени капацитети и брои 2.019 вработени во земјава и 598 вработени надвор од Македонија. Преку своите 19 подружници и 2 претставништва во странство во 15 земји, пласира 68 % од својот асортиман во 40 земји во светот.
ESG-стандардите за известување стануваат неизбежни во работењето на компаниите од ЕУ, особено со воведувањето на новите директиви и регулативи на ЕУ кои го регулираат овој сегмент. Имајќи ја предвид посветеноста на АЛКАЛОИД за континуиран процес на подобрување и на следење и за воведување на сите иновации во делот на доброто корпоративно управување, во 2022 година компанијата започна процес на внатрешна реорганизација, со цел примена на ESG-стандардите за известување, кој заврши успешно со издавањето на првиот ESG-извештај на АЛКАЛОИД АД Скопје за 2022 година. Со тоа компанијата уште еднаш докажа дека е пионер во воведувањето нови стандарди во своето деловно работење и дека континуирано се стреми кон остварување нови партнерства и кон пробив на нови пазари во ЕУ и во светот.
ФАБРИКА КАРПОШ А.Д. - СКОПЈЕ
Фабрика Карпош со гордост прославува 75 години од своето постоење на македонскиот пазар како компанија со растечка репутација која се вбројува помеѓу лидерите во градежниот сектор.
Не само што успешно ги надминавме сите историски и економски предизвици туку и успеавме со постојано усовршување и развој значително да придонесеме за естетиката во архитектонското творештво.
Одржувајќи чекор со најсовремените трендови во градежниот сектор, овозможуваме исклучително широк спектар на услуги и поддршка во сите фази на градбата. Инвестиравме во обновување на опремата и изградивме нови производни капацитети на површина од 70 000 m2 за производство на бетонски префабрикати,
Моментално нашиот фокус е изградба на резиденцијални, комерцијални и деловни простори на 27 атрактивни локации во Македонија. Проектирање и изведбана монтажни индивидуални хали, логистички центри и трговски центри А за успехот и посветеноста говори нашето искуство со преку 90 реализирани проекти, над 220 000 m2 изградена површина и над 60 задоволни клиенти.
Следејќи ги актуелните правци во употребата на одржливи еколошки материјали тежнееме кон воспоставување на систем на циркуларна економија бидејќи грижата за животна средина е нашиот прироритет, а социјалната одговорност дел од нашата традиција.
За досегашниот успех би сакале да се заблагодариме на нашите клиенти, вработени и партнери за нивната континуирана поддршка и доверба. Се радуваме на сите идни успешни приказни и со задоволство ќе продолжиме да и служиме на локалната заедница.
Говорници
Говорници
„Првата конференција за недвижности во Македонија ја гледаме како одлична можност за сите вклучени во индустријата за недвижнини да дојдат на едно место, да разговараат за новите трендови, новите можности, да стекнат нови перспективи и да се поврзат со врвни компании од индустријата и поединци”.
„Одлична иницијатива која со задоволство ја поддржуваме! Конференцијата ја гледаме како можност за популаризирање на имотното осигурување, кое е суштински дел од сопственоста или закупот на имотот, но сè уште не е добро воспоставена практика меѓу бизнисите во нашата земја. Имотното осигурување ги штити средствата и континуитетот на бизнисот, па со нашето учество добиваме одлична можност да ги посочиме придобивките од избирање на висококвалитетно имотно осигурување.“
Индустријата за недвижнини не е само заработка или унапредување на нашата кариера. Се работи и за позитивно влијание врз светот околу нас. Затоа одржливоста и општествената одговорност се толку важни теми на овогодинешниот саем. Ќе истражуваме како индустријата за недвижнини може да придонесе за поодржлива иднина и да создаде поинклузивни и правични заедници.
Како професионалци за недвижнини, ние имаме клучна улога во обликувањето на иднината на нашата индустрија. Мора да останеме понапред од кривата, да се прилагодуваме на промените и да ги искористиме најновите технологии и најдобри практики за да испорачаме вредност на нашите клиенти и заедници.
Групацијата Смарт Ливинг е водечки играч во дизајнот и изведбата на корпоративни проекти (објекти и ентериери) по принципот “клуч на рака“. Нашата компанија гледа голем потенцијал и може да има значително влијание на претстојната Конференција за недвижнини. Нашиот тим од експерти, со докажано искуство во одржливиот архитектонски дизајн, преку нашето разновидно портфолио го нагласува нашиот фокус кон задоволството на клиентите, приспособливоста на пазарот и градењето силни партнерства во рамки на индустријата на комерцијални недвижности. Посветени сме на создавање паметни, одржливи простори кои ги задоволуваат уникатните потреби на корпоративните клиенти, додека го минимизираат влијанието врз животната средина. Придружете нѝ се на Конференцијата за да комуницираме, да се вклучиме и да ги истражиме можностите за иновативен и одржлив дизајн на недвижности. Заедно, да ги поместиме границите на она што е можно и да ги трансформираме просторите на утрешницата.
„Првата конференција за недвижности е ретка можност за исклучителна промоција на веќе етаблираниот бренд Гранд Скопје, но и претставување на севкупната визија на МГ Фешн за урбано домување по светски стандарди. Покрај промоцијата, ни претставува задоволство што ќе добиеме можност за вмрежување со други компании од индустријата и ќе можеме детално да ги претставиме придобивките од ваквите станбено-деловни комплекси за градот и граѓаните. Нашиот тим на професионалци ќе биде присутен на конференцијата и во панел дискусиите кои ќе послужат како дополнителна платформа за промоција на Гранд Скопје како вистински избор за сите оние кои сакаат да ја започнат својата приказна на свој начин во новиот центар на Скопје.“
Фабрика Карпош со задоволство ја поддржува првата Конференција за недвижности како можност за промоција и презентација на производите позади кои стоиме години наназад.
Нашиот тим професионалци ќе учествува на панел дискусиите кои се одлична можност за споделување искуства со останатите учесници и можност за идни партнерства.
Како компанија која е сопственик и управува со Поинт Ритеил Парк, го поддржуваме Skopje Real Estate Conference зашто сметаме дека е сеопфатен настан каде што можеме да ги споделиме нашите искуства, да размениме и стекнеме нови знаења, како и да се запознаеме со новите трендови во индустријата на комерцијалните недвижнини. Очекуваме да се дискутираат предизвиците и можностите на пазарот во Македонија, неговиот развој и како и да го зголемиме својот мрежен круг и да стекнеме нови партнерства и пријателства во индустријата. Сметаме дека ова е одлична можност да го подобриме нашето знаење и допринесеме за напредокот на индустријата.
Регистрација
Приклучете сѐ сѐ
Пријавете се, КОНФЕРЕНЦИЈA ЗА НЕДВИЖНОСТИ ВО СКОПЈЕ
22-ри мај 2024 година