Димитар Ристовски
Корпоративен секретар, АЛКАЛОИД АД Скопје
Г-дин Ристовски од 2022 година е Корпоративен секретар на АЛКАЛОИД АД Скопје. Воедно, тој е именуван за Координатор на ESG Одборот на АЛКАЛОИД АД Скопје, тим кој ги обединува сите релевантни компаниски сектори и кој е одговорен за воведување на сите стандарди, кои се неопходни за имплементацијата на ESG известувањето во АЛКАЛОИД АД Скопје. И покрај комплексноста на целата операција, поставената цел, подготовката на првиот ЕSG Извештај на компанијата, успешно е реализирана и во март 2023, АЛКАЛОИД АД Скопје го објави својот прв ESG Извештај за 2022 година.