Дејан Јакимовски
Извршен директор, ДЕНИ ИНТЕРНАЦИОНАЛ - СКОПЈЕ
Дејан Јакимовски е извршен директор на Дени Интернационал, една од најголемите домашни компании за транспорт и логистика.
Дени Интернационал и компаниите кои се директно поврзани вработуваат над 330 вработени.
Основната дејност на Дени Интернационал е патен транспорт, шпедиција, царинско застапување и складирање.
Дејан Јакимовски е дел од сите сектори на компанијата во изминатите 13 години.
Договорната логистика, како дел од работењето, е сектор кој почна забрзано да се развива во земјава и ќе биде водечка сила која бара развој на логистички капацитети на пазарот.
Дејан Јакимовски и менаџментот на компанијата предвидуваат дека тоа ќе биде иднината на „магацинскиот бизнис“ и тоа е причината поради која Дени Интернационал презема големи чекори кон подобрување на своите логистички капацитети.