ДАРКО ПАНЧЕВСКИ
Генерален менаџер, ПОИНТ РИТЕЈЛ ПАРК
Професионалец со големо искуство во полето на управување со трговски центар, управување со малопродажба и изнајмување. Благодарение на експертизата во овие области, Дарко има докажано искуство во креирање и исполнување на успешни годишни планови за трговски центри со позитивни клучни индикатори.
Со повеќе од 15 години експертиза стекната во секторите продажба, маркетинг и односи со јавноста, планирање и развој на трговски центар, корпоративно работење, управување со малопродажба, преговори, развој на проекти и корпоративна политика, допринесува кон продуктивни решенија за секоја индивидуална ситуација. Во моментов работи како Генерален Менаџер на Поинт Ритеил Парк.
Со своето долгогодишно искуство во индустријата, нашиот говорник има добиено неколку награди, вклучувајќи ја и наградата „Under 30“.