Влатко Безоски
Директор за продажба и маркетинг, Quehenberger Logistics Macedonia
Влатко Безоски, со своето дваесет и пет годишно искуство е истакнат професионалец во индустријата за логистика и ланци на снабдување. Тој е магистер во областа на „Логистика и Менаџирање на ланци на снабдување“. Во текот на својата кариера, Влатко работел на различни позиции, меѓу кои проектен менаџмент, бизнис развој, оперативни процеси и продажба. Работел за домашни и меѓународни организации, стекнувајќи сеопфатно разбирање за глобалното управување со ланците на снабдување и логистичката индустрија.
Во 2015 година станал дел од тимот на “Quehenberger Logistics Macedonia“ каде континуирано придонесува за развојот на компанијата во областа на логистиката, индустриски мрежи, севкупно оперативно работење, дизајнирање на процеси и развој. Влатко во моментов е Директор за продажба и Директор за маркетинг, одговорен за продажба, маркетинг, планирање, лансирање и развој на нови производи и услуги.