Велимир Петровски
Директор за продажба
КНАУФ
Велимир Петровски има 25-годишно искуство во Кнауф.
Најпрво како технички раководител, а веќе над 15 години како директор за продажба, работи посветено на промовирање на светските новитети и модерни начини на градење.
Активно ги следи и познава трендовите во градежништвото и потребите на крајните корисници, континуирано спроведувајќи анкети и истражувања на пазарот.
Со свои експертизи учествува во значајни градежни проекти. Има развиено одлична соработка со голем број инвеститори и проектанти, па денес Кнауф производите се составен дел на секоја градба.
Соработува во изработката и на разни експертски и научни трудови од областа на високоградбата, како и при создавањето на национални нормативи и стандарди.
Исто така учествува на бројни конференции на теми од високоградбата.
Активно членува во повеќе управни одбори на бизнис комори и асоцијации.