![](https://realestateconference.mk/wp-content/uploads/2023/04/aleksandar_ivanovski-removebg-preview.png)
АЛЕКСАНДАР ИВАНОВСКИ
Сопственик, Генерален директор, ПОРТА ИНЖЕНЕРИНГ ГРУП
Александар Ивановски, дипломиран економист, долгогодишен бизнисмен/претприемач во областа на градежништвото. Во своите 30 години работно искуство доминира во градежно-инвестициониот сектор со голем број на реализирани проекти, од различни категории: станбени, деловни, хотелско-услужни објекти и др. Тој е еден од водечките лица на реализирани франшизни објекти кои се водени според европски нормативи и принципи на изведба и проектирање, како што се објектите на Телеком, Хотел Мериот.
Ивановски, оваа бизнис сфера ја афирмира со вештина и стручност во финансиското работење, анализа на пазарот, корпоративно управување, како и комплетна координација на сегментите за остварување на комплексни објекти.
Тој е сопственик на градежната фирма Порта Инженеринг Груп, која станува бренд за квалитетно урбано делување преку реализираните станбено-деловни објекти. Во низата на остварени проекти е и објектот Порта Супериум кој е еден од најголемите деловно-станбени објекти во регионот со бруто површина од 128.000m2, репрезент за најсовремени трендови во градежништвото.